Дигиталната библиотека на уметничкиот институт содржи над 40.000 датотеки што може да се преземат бесплатно

Институтот за уметност во Чикаго има колекција од над 300.000 уметнички дела и историја што се протега од 19 век (основана од Џорџ Армор во 1879 година). Таа е една од најважните и најрелевантни уметнички институции низ САД и светот, заедно со музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк и Музејот на ликовните уметности во Бостон.
Колекцијата вклучува дела од локални и меѓународни уметници од раното и модерното време. Тука се вклучени делата на уметници од италијански, фламански, холандски и шпански училишта.
Додека многу од музеите и галериите во светот веќе дигитализираа дел, ако не и сите нивни постојани колекции, Институтот за уметност од Чикаго го направи овој скок неодамна. Неговата дигитална библиотека им овозможува на корисниците да истражуваат и да преземаат висококвалитетни слики на уметнички дела од нивната колекција.
Институтот е меѓу бранот институции што нè повикуваат да го вреднуваме нивното културно наследство преку екраните на нашите компјутери или телефони.
– И покрај тоа што може да се најдеме илјадници километри далеку од делото „Неделно попладне на островот Ла Гранде Жат“ на Жорж Пјер Сера, можеме да ги вреднуваме сите аспекти што ја сочинуваат оваа слика додека мирно го проучуваме делото со големо внимание. Нашиот пристап до оваа колекција не е ограничен со времето на отворање и затворање на музејот, ниту мора да чекаме во ред за да влеземе внатре или да чекаме личност што стои пред нас.

Овие дела се наши за да ги вреднуваме кога и каде ни одговара – порачуваат од Институтот.
Датотеките не се ограничени само на сликите и скулптурите, колекцијата исто така вклучува книги, писма и референтни материјали, од кои повеќето се достапни под лиценцата „Криејтив комонс зироу“.
Колекцијата на Уметничкиот институт во Чикаго ги вклучува „Неделно попладне на островот Ла Гранде Жат“ (1884-1886) на Жорж Пјер Сера, „Портрет на Ребека Салсбери Стренд“ (1922) на Алфред Штиглиц, „Лондонскиот парламент“ (1900-1903) на Клод Моне, „Париска улица, дождлив ден“ (1877) на Густав Кајлбот, како и многу други дела.