Деновиве од печат излезе книгата „Импровизирани часови“ на писателот Давор Стојановски. Ова е негова прва книга поезија, каде што Стојановски направил избор од сите песни што досега ги има напишано, а најстарите (во иста или изменета форма) датираат уште од 2010 година. Некои од нив се читани на разни манифестации или се застапени во некои списанија и антологии и сега првпат се објавени заедно. Книгата е издадена во едицијата „300 ветрила“ на „Темплум“.