Во техничкиот музеј „Никола Тесла“ во Загреб деновиве на изложба беа претставени уникатни заштитни маски, обоени со природни бои од ореви, калинки и кромид. Наречени „Онли ТТФ“, тие претставуваат рачна изработка, дела на студенти од загрепскиот Текстилно-технолошки факултет. Иницирани од фактите дека пандемијата на коронавирусот донесе понуда на различни хигиенски маски, кои често се неудобни за носење и ја иритираат кожата, а маските на пазарот често се и со многу пропусти, студентите во создавањето на уникатната хигиенска маска ја покажаа својата впечатлива креативност. „Онли ТТФ“ е направена во рамките на студентски научноистражувачки проект на Текстилно-технолошкиот факултет, а маската доби и свое лого.