Фото: Музејот на македонската борба за самостојност

Изложбата „1000 години Бигорски манастир“ е поставена во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, а е реализирана во соработка со Бигорскиот манастир и Ансамблот „Македонија”. Изложбата дава пресек на духовното и материјално богатство на манастирот во неговата богата историја од илјада години постоење.

Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, Кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од XVIII, XIX и XX век – Митра, Игуменски крст, Епетрахил, Жезол, Рипиди со Серафими, соопшти Музејот.

Изложбата е отворена за сите посетители од 19 до 28 ноември 2021 година согласно актуелните мерки и протоколи за зашитита од ковид, а влезот е слободен.