Изложбата на дела ,,Живееме, танцуваме, тагуваме“ од Моника Десоска Каргова
ќе биде отворена вечерва од 20 часот, во ликовната галерија од ЦК „Марко
Цепенков“ во Прилеп.

– Делата се развиени низ последните девет години од уметничкото творештво на
Моника. Делата не заведуваат со минималистичко претставување на фигурите, кои
танцуваат, разговараат и ненаметливо ни ја раскажуваат приказната. Уметницата ја
постигнува илузијата на просторот, преку играта на бојата, притоа не нарушувајќи ја
минималната употреба на формата и постигнатата просторна хармонија. Употребата на
сегментите на небо, земја, воздух и море создава длабочина која ја потенцира
безграничноста, динамиката и енергијата со која се поистоветуваме. Делата се
издигнуваат со прочистен ментален простор, мир и хармонија. Ликовниот јазик почива
на добро познати ликовни елементи, кои што софистицирано го подржуваат
визуелниот говор и нејзиниот личен сензибилитет – вели за нејзиното творештво Ана
Јосифовска.

Моника Десоска Каргова има реализирано повеќе самостјни и групни изложби,
а за нејзиното творештво добила и награди. Ка.М.