Изложба на повеќе од 120 графики создадени на последните три главни сесии на „Графичката работилница Софија – Богданци“ ќе биде отворена вечерва, со почеток од 19.30 часот, во Музејот на градот Скопје. Станува збор за дела во различни графички техники чии автори се млади и талентирани уметници од академиите во Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Осиек, Љубљана, Варшава, Солун, Сараево, Софија и Скопје.

На отворањето на оваа традиционална триенална изложба ќе говорат националниот координатор за развој на култура, Роберт Алаѓозовски и графичарот и професор, Тони Васиќ. „Графичката работилница Софија – Богданци“ е јадрото на едно продуктивно уметничко движење, кое веќе 12 години ги обединува младите графичари.