Изложба на слики со наслов „Порака“ од академскиот сликар Роберт Цветковски ќе се отвори в четврток во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, со почеток во 20 часот.

Се работи за дваесеттина дела од неговата најнова продукцуја работени во техниката масло на платно.

Роберт Цветковски е роден во Куманово 1965 година. Дипломирал на Факултетот за ликовна умeтност во Скопје 1989 година во класата на Ана Темкова. Работи во гимназијата во Крива Паланка како ликовен педагог.