Меѓународната ликовна колонија „Михајлово-Кавадарци“ која годинава одбележува значаен јубилеј од 25 години, редовно е проследена со отворање на неколку ликовни изложби преку кои се презентира уметноста на ликовните уметници учесници на колонијата.

Така е и оваа година. По изложбата на Драги Хаџи-Николов во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“, вечерва со почеток во 19 часот е предвидено да биде отворена изложбата на на ликовниот уметник од Бугарија, Светлозар Недев.

Недев досега има реализирано 35 самостојни изложби и учесник е на многу групни изложби на слики и фотографии во Бугарија и во странство. Неговите дела се во сопственост на многу галерии и се дел од приватни колекции во Бугарија, Русија, Австрија, Турција, Романија, Швајцарија, Хрватска и Данска.

Светлозар Недев е роден во Стара Загора и е дипломиран студент на ССУ ПФ „Јулиус Фучик“- НПГПФ во Софија, специјализирана фотографија. Исто атака магистар е по сликарство на Националната академија за уметност во Софија и магистар по културни студии на ВФУ „Черноризец Храбар“ во Варна на насоката за менаџмент во уметничката култура.

Кавадаречката културна јавност ќе има можност за првпат да види една самостојна изложба на овој ликовен уметник од соседна Бугарија. М.М.

Светлозар Недев