Изложба на фотографии под наслов „Инстант семејства – мултипликација на љубовта“ од фотографот Роберт Јанкулоски ќе биде отворена вечерва во ликовната галерија на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 20 часот. Ќе бидат изложени 15 фотографии (80 x100), изработени на архивска памучна хартија, на кои е пренесено авторовото видување за семејството и љубовта, начинот на виртуелно живеење во денешно време.
Роберт Јанкулоски е основач на Македонскиот центар за фотографија, кој досега реализирал 36 самостојни изложби и учествувал на голем број групни низ светот. Тој е добитник на неколку награди од областа на визуелните уметности и филмот и носител на титулата витез од областа на уметноста и книжевноста, доделена од Министерството за култура на Франција.