Изложба на слики од ликовната уметничка Исмане Мехди ќе биде отворена во Културно-информативниот центар, во изложбениот салон „Империјал 2“, на 6 април, во 18 часот. Ќе бидат изложени над 20 дела работени во техника на платно, создадени во 2018 – 2021 година.
Исмане Мехди (1990) е родена во Гостивар. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност при Државниот универзитет во Тетово, оддел сликарство, во класата на проф. Решат Амети. Членка е на ЗЛУМ ДРАУДАЦУМ, Македонија. Работела како професорка по ликовна уметност во училиштето „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, а од 2019 година работи во Министерството за култура како надворешна соработничка. Реализирала три самостојни изложби во Македонија и во Турција, а учествувала на повеќе групни изложби и ликовни колонии во земјава и во странство.