Денеска по повод Денот на Прилеп – 3 ноември, напладне во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп ќе биде отворена изложбата на дела создадени на годинашната ликовна колонија „Дрен 2021“.

Ќе бидат изложени над 20 дела, од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Ликовната колонија „Дрен 2021“ се одржа со финансиска поддршка на Министерството за култура. Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ка.М.