Вечерва во Музеј–галерија Кавдарци во 20 часот ќе биде отворена ликовната изложба под наслов „Хармонија на тишината“ на младата уметница Александра Кокотовиќ од Белград – Србија.

Александр4а Кокотовиќ е уметница која својата работа ја изразува преку сликарство, цртеж и графика. Член е на друството на ликовните уметници на Србија и Друштвото на ликовни уметници на Босна и Херцеговина. Родена е во Сараево а живеела во Бејрут, Лондон, Белград и САД. Дипломирала моден дизајн на Акедемијата Дел Лусоо. Досега своите дела ги има изложувано во реномирани галерии и музеи во регионот и во светот.

Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата „Иван Мазов Климе“ кој е организатор на меѓународната ликовна колонија „Кавадарци – Михајлово“ 2020 година. За разлика од минатите години гога на колонијата учествуваа и до 40 ликовни уметници годинава учествуваат само 16 уметници, од кои осум од странство а останатите од Македонија. Еден дел од уметниците во колонијата своите дела создадени во нивните атељеа ќе ги презентираат онлајн.

Ми.М.