Изложба на младата уметница Александра Ацеска, вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена во Музејот на градот Скопје.
Проектот во Музејот на градот Скопје се реализира по повод наградата „Борко Лазески“, која авторката ја доби во 2017 година.

Во договор со семејството на Борко Лазески (кое на Музејот на градот Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“, реализирана во аулата на Старата железничка станица во Скопје, во 1958. г. ). Музејот на градот Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје што во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел.