Вечерва во изложбениот салон од Центарот за култура во Кичево, со своја самостојна изложба ќе се претстави Александра Ацеска, академски сликар од Прилеп. Нејзино поле на интерес и истражување е на границата помеѓу видливото и невидливото, духовното и неговата манифестација, во материјата и табуата во новото време.

Ацеска досега има организирано две самостојни изложби во Скопје минатата и во Прилеп оваа година. Сопственик е на наградата Борко Лазески во 2017 година за најинвентивен студент на генерација. Таа учествувала и на поголем број групни изложби, во Скопје, Авр Франција, а покрај во главниот град во земјава, била дел од групни изложби во Гевгелија и Струга.

– Желба ми беше да направам простор во простор, да го трансформирам просторот кој за гледачите ќе биде различен од нивната претходна идеја за истиот. Во перцепцијата на просторот пробувам да ги вклучам сите сетила и поради таа причина на изложбата можат да се забележат повеќе форми на изразување – вели Ацеска.

Отворањето на изложбата ќе биде во 20 часот. З.А.