Изложбата „Мали хумани иновации“ на манифестацијата „Роденден“ во МКЦ ќе биде отворена утревечер. Станува збор за дела на студентите од насоката индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје. Студентите преку одбрани творби се стремат да го искажат својот оптимистички начин на гледање преку креативно трансформирање на проблемите од сегашноста во можности за креирање подобра иднина. Меѓу презентираните производи се светилки, парчиња мебел, играчки, алатки за приготвување храна и садови за сервирање.