Во Музејот на Македонија утре во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на ликовни дела на Васко Ристовски – Македонска наивна уметност.

Ристовски е истакнат претставник на наиванта уметност во Македонија. Роден е во Скопје во 1967 година. Неговото уметничко творење започнува во 1995 година.

Работејќи во техника масло на стакло, Ристовски остварува високи ликовни вредности коишто ја изразуваат неговата бујна имагинација. Поетиката на неговото творење изобилува со динамика, нарација, колорит и мистика. Ристовски успева низ интелектуалниот израз да ја прикаже радоста на живеењето, како синергија на фантастиката и реалноста.

На изложбата ќе бидат презентирани 27 дела работени во техника масло на стакло.