Денешниот ден, 12 јуни, е Државен празник на Руската Федерација, или Денот на Русија. Празникот се одбележува секоја година, почнувајќи од 1990 година, кога беше усвоена Декларацијата за државниот суверенитет на Русија. Годинава празникот ќе се прославува во виртуелниот простор.

На фејсбук-страницата на амбасадата е отворена онлајн изложба „Објекти на светското културно и природно наследство на УНЕСКО во Русија“, а денеска ќе се одржи и онлајн концерт на руските артисти, кои претходно настапувале пред македонската публика, со изведба на хорска, естрадна, класична музика. Исто така на фејсбук-страницата е објавен детски награден ликовен конкурс „Русија преку очите на децата“, кој ќе трае до 30 јуни. На конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани не постари од 18 години.

По повод Денот на Русија, во самата земја, но и пошироко, традиционално се одржуваат стотици свечености, како што се многубројни концерти, изложби, приеми, презентации, огномети. Оваа година поради епидемиолошката ситуација манифестациите ќе се одржат онлајн.