Во галеријата „Обоена светлина“ во Центарот за култура во Пожаревац, Србија, е отворена изложба на фотографии насловена „Децата на Донбас“, од авторите Ирина Лакшевиќ од Доњецк и Ден Леви од Москва. Презентирани се црно-бели фотографии од 70 девојчиња и момчиња, кои ги преживеале бомбардирањата во текот на три години во зоните на регионот на Донбас во Источна Украина. Весникот „Данас“ укажува дека, според податоците од авторите на изложбата, преживеале 200 деца, a околу 500 добиле потешки и полесни повреди.