Изложбата „Carin“ од Марсил Ангелов Ал-Махамид ќе биде отворена вечерва во 20 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Поставката е рачно изработени везови на имигранти, бегалци и жители на Северна Норвешка, и е дел од колаборативната уметност.

Марсил Ангелов Ал-Махамид кој живее во Тромсе, Норвешка ја започнал работилницата за вез со наслов „CARIN“ во соработка со истражувачкиот проект „Cit-egration“ (Одржливи различни градови: Иновации во интеграцијата) воден од Универзитетот во Тромсе, во 2017 година.

„CARIN“ е една од студиите на случај и партнер со проектот Cit-egration чија главна цел е да произведе нови применливи знаења за иновативни интегративни активности кои ни помагаат да живееме со разликите, да ја подобриме интегративната интеракција и да развиваме само градови.

Истражувачкиот тим на Cit-egration спроведува истражувања за развивање на интеграцијата на имигранти/бегалци во рамките на CARIN. Постојат многу предизвици кога станува збор за градење на интегрирано општество во повеќе мултикултурна земја, како што е Норвешка. Општествената вредност на CARIN е нејзиниот фокус на создавање на повеќе знаења затоа како формите на уметност и иницијативи за интеграција навистина функционираат.

Ангелов Ал Махамид пораснал во Југославија, по потекло од сириски татко и српска мајка. Неговото долгогодишно истражување е на темата „Сеќавање”, фокусирајќи се на настаните од Втората светска војна во Северна Норвешка. Тој е исто така заинтересиран за социо-економски прашања како сиромаштија, очај и економска кревкост што произлегуваат од војни и конфликти.

Ангелов Ал Махамид има неколку уметнички проекти кои се фокусираат на копродукција на методи за создавање уметнички дела и простори кои се претвораат во општествено ангажирана уметност. Тој главно работи со рачно изработен вез, видео-изведба и уметничка инсталација.

Ка.М.