Вечерва, со почеток во 19 часот, во Изложбениот салон на НУ центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде претставено најновото издание на традиционалната ликовна манифестација „Самоуки 2021“. На отворениот конкурс што беше објавен во почетокот на мај се пријавија дваесетина автори со повеќе свои творби, но стручната комисија при Центарот за учество селектираше 18 автори што ќе бидат претставени со четириесетина дела – слики, цртежи и скулптури.
Иницијативата за организирано претставување неакадемски ликовни автори се јави при крајот на деведесеттите на минатиот век, а во Центарот прва изложба од овој вид е реализирана уште во далечната 1991 година. Интересот за учество на оваа изложба е голем бидејќи претставува можност за презентирање на неакадемските уметници пред пошироката публика, којашто редовно е присутна на оваа манифестација во Изложбениот салон бидејќи се работи за творештво продуцирано од самите граѓани на општината.
Изложбата ќе биде поставена до 24 јуни.