Фото: Игор Бансколиев

Во рамките на саемот на уметноста „Ин ситу“, вечерва во горното фоаје на МКЦ се отвори изложбата на фотографии со наслов „Приватни демони“ на нашата фоторепортерка Маја Јаневска-Илиева во соработка со уметникот Велимир Жерновски. Изложбата „Приватни демони“ се состои од диптиси, серија од две фотографии снимени на иста локација, но на различна светлинска изложеност.