Изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде отворена во галеријата „Пловдив“ во Пловдив, Бугарија, на која ќе се претстават 50-ина автори кои членуваат во ДЛУМ.

Ќе учествуваат Ана Темкова, Александар Јанкуловски Цане, Емилија Божиновска, Кирил Гегоски, Марија Светиева, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Симеон Арнаудов, Дијана Томиќ Радевска, Ангел Димовски Чауш, Маја Кировска…

– Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 сантиметри претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка – соопшти ДЛУМ.