Традиционалната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), „Мал формат“, е отворена во галеријата „Пловдив“, во истоимениот бугарски град. Претставени се дела на повеќе од 50 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, меѓу кои и на: Ана Темкова, Александар Јанкуловски-Цане, Емилија Божиновска, Кирил Гегоски, Марија Светиева, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Симеон Арнаудов, Дијана Томиќ-Радевска, Ангел Димовски Чауш, Маја Кировска и др.

– Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“, со површина 25х25 см, претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност – укажуваат од ДЛУМ.