Изложба на слики „Женски муабети“ на академската сликарка Гордана Винчиќ ќе биде отворена вечерва, во 19 часот, во Ликовниот салон во Велес. Нејзините дела се наративни и носат длабока мистичност, носталгичност и надреална симболика.

Авторката преку своите дела ги спојува уметноста и личниот развој, а главниот поттик ѝ е фасцинираноста од потсвесното знаење и мудрост што сeкоj чoвeк ги носи во себе. Кај набљудувачот сака да предизвика размисли за мистиката на животот, митологијата и симболиката за достигнување повисоко ниво на свесност и среќа.

Гордана Винчиќ има реализирано повеќе самостојни изложби, меѓу кои една од позначајните е изложбата „Транзиции“ во Санкт Петербург во 2015 година. Во доменот на социјалната работа и политика, Винчиќ во соработка со шведските власти има одржано над 300 визуелно-иновативни ликовни работилници.