Изложбата „Борба и страдање – полските граѓани за време на Втората светска војна“ ќе биде отворена денеска (среда) напладне во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.

Поставката ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји.

Изложбата ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Амбасадата на Полска. К.М.