„Ќерката на дрвосечачот“ од Наде Стојилковиќ е нов домашен наслов во издание на „Сакам книги“, кое минатата недела беше промовирано во нивната книжарница. Дејството почнува во едно македонско село, пред повеќе од 30 години. Дана е сираче, нејзиниот татко дрвосечач загинува во шумска незгода, а од преголема љубов кон него и тага за неговата смрт, само по еден месец умира и нејзината мајка. Па, така, од нејзиното прекрасно семејство полно со љубов, останува само малата Дана, со вечно скршено срце… „Ќерката на дрвосечачот“ е книга што раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините.