Излезе од печат новиот роман „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков, како 177. издание во едицијата „Проаза“ на „Или-или“. По осумгодишна пауза од дебитантската книга „Единаесет жени“, која се закити со наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, авторката подарува нов текст во кој уште подлабоко навлегува во својата интима, раскажувајќи приказна што се протега од средината на минатиот век до денес, сторија чиј заплет и (можен) расплет, како што истакнува издавачот, е нераскинлив дел од историскиот контекст во кој се случува.

Снежана Младеновска Анѓелков (1977) дипломирала и магистрирала на Факултетот за драмски уметности. Таа е авторка и на филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“, посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски.