Во издание на „Бата прес“ излезе од печат делото „Акушерство – учебник наменет за студенти по општа медицина, специјализанти по гинекологија и акушери“ од Весна Антовска, Марјан Стојовски, Милка Трајанова, Викторија Јовановска и Александра Стојовска-Лазарова.

Учебникот на универзитетските професори и реномирани доктори на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, е прв голем зборник од оваа област објавен на македонски јазик, во голем формат, на 770 страници, со голем број слики, графикони, табели, примери од практика, со користена и цитирана литература од светски авторитети од оваа област.

Промоцијата на учебникот ќе биде на Новогодишниот саем на книгата што од 11 до 15 декември се одржува во трговскиот центар „Рамстор“, а издавачот во соработка со Здружението на приватни гинеколози и акушери на Македонија ќе организира голема промоција во јануари 2020 година.