Излезе од печат поетската книга „Во самракот на мислите“ од бугарската авторка Елка Димитрова во издание на Здружението за развој на културата и уметноста „Фуснота“ од Скопје. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Борче Георгиев.
– „Во самракот на мислите“ воопшто не е идилична книга, напротив, ова е збирка од песни каде што старецот и детето се движат рака под рака, но тие се истиот човек и тој човек не чекори на друго место, туку на тротоарот на стравот, покрај смртта во сите нејзини необични улоги – затоа што низ призмата на стравот се кријат сите маски во карневалот наречен живот. Истовремено, ова е книга со молитви, каде што интимно и интуитивно песните се доживуваат како лична верзија на секој од читателите – вели издавачот.
Книгата е поддржана од Фондот за национална култура на Бугарија.