Издавачки центар „Три“ ја објави книгата „Белиот трофеј“ на Блаже Аризанов, основач на стартап-компанијата „Стеј анкл“, една од деветте најпросперитетни индиски компании за 2018 година според „Форбс Индија“. „Белиот трофеј“ го следи бизнис-патешествието на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011-та заминува во Индија и по четири години ја основа компанијата „Стеј анкл“, која за кратко време предизвика вистинска револуција во древната земја. Со своите радикални маркетинг-методи, преку предизвикување на традиционалните индиски вредности, Блаже Аризанов успеа да сруши многу табуа, но во исто време да го доведе својот и животите на своите вработени во потенцијална опасност. И додека популарните телевизиски канали повикуваа на медиумски линч кон младата компанија, каналот „Дискавери“ си го пробиваше патот низ трошните сокаци за да го пронајде подрумчето од кое тимот ја водеше компанијата за која сакаа да направат репортажа…