Од печат излезе седмата книга од едицијата „Балканска сатира“, „Плашила покрај патот“, прва на тандемот познати афористичари Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински. Книгата е наменета за српското говорно подрачје и содржи над 600 афоризми од двајцата автори. Насловната страница и заднината се дело на познатите македонски карикатуристи Јордан Поп Илиев и Миро Георгиевски, додека издавач на овој труд е домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница.

– Во скоро време ќе има изданија и на македонски и на руски јазик. Причина зошто оваа книга првично излезе на српски јазик е затоа што е наменета за фестивалите на хумор и сатира што се одржуваат во Србија. Книгата наскоро ќе ја промовираме во Скопје, Виница, Струга, Кичево и во Лазаревац – истакна еден од коавторите на овој труд Миле Ѓорѓијоски, еден од нашите најнаградувани и најплодни афористичари.