Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ ќе бидат изведени на 17 јануари со почеток во 20 часот во НОБ. Двете постановки се специјално подготвени од кореографот Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите се на Марија Пупучевска.

Публиката ќе има можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин, како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Во „Кармен“ публиката ќе им можност да ги види Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лашеи (Унгарија), Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Христина Наќевска, Бојана Христовска, Илијана Данилов, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Во „Валпургиска ноќ“ на сцената ќе се појават Марија Кичевска Шокаровска, Саша Евтимова и Ивана Коцевска, Игор Веланоски, Илијана Данилов, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Никола Орсо, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.