Балетскиот спектакл „Клеопатра“ грандиозна постановка, разнобојно дело што во
многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, кој има одличен прием кај
нашата публика, и ќе биде изведен во МОБ на Денот на жената, 8 Март, со почеток во 20 часот.

За „Клеопатра“ специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од
Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.

Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова – Клеопатра, Васил Чичијашвили
(Грузија) – Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска –
Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска – Змија.

Солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.

Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сеуште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.