Париската издавачка куќа Le Temps des cerises денеска одржа прес-конференција за француските и странските медиуми по повод објавувањето на “Избраните драми” на македонскиот писател со меѓународно реноме Јордан Плевнеш.

Автор на опсежниот предговор со насловот “Портрет на Плевнеш во театарот Молиер” е едно од најголемите имиња во француската литература Жак Лекариер.

Со ексклузивното издание, покрај огласите од светските медиуми, како Њујорк тајмс, Гардијан, Фигаро, Ле Монд, Сеико Шимун, Ал Ахрам … објавен е и едночасовен документарен филм во кого се застапени делови од триесеттина изведби на драмите во Плевнеш играни ширум светот.

На прес-конференцијата, Патрик Вершурен кој најави дека ќе следуваат презентации на ова дело во поголем број градови во Франција, бидејки Плевнеш е дел од Балканската трилогија (Гробот за Борис Давидовиќ од Данило Киш, Казната за малиот Мирко Ковач и неговата драма „Среќата е нова идеја во Европа“),која беше играна во 120 театри во Франција и Европа.

На прес-конференцијата беше претставена и персоналната честитка по повод издавањео на драмите од легендарниот американски режисер Роберт Вилсон, кој се очекува следната година во Watermill center да ги започне подготвките за реализација на драмата „Вечната кука“, во копродукција со повеќе балкански театари.