Здружението за странски новинари на Холивуд (ХФПА) направи дополнителни привремени промени за 93-то издание на „Златен глобус“. Организацијата зад годишното доделување на наградите објави приспособувања во категоријата „филмови од неанглиско говорно подрачје“.
За претходните изданија, потребно беше филмовите да бидат објавени во нивната земја на потекло во текот на 15-месечниот период, од 1 октомври до 31 декември следната година – пред доделувањето на наградите. Но во поради коронавиусот и затворањето на киносалите, ХФПА ги суспендира критериумите за настанoт во 2021 година. ХФПА веќе спроведе слични измени во правилата за сите други категории.

Привременото ново правило гласи: „Филмовите од странско говорно подрачје, кои имале киноиздание планирано да започне во нивната земја во периодот од 15 март до датумот што ќе го одреди ХФПА, кога киносалите во таа земја генерално ќе се отворат, наместо тоа, можат да бидат пуштени во која било земја во кој било формат (на пр. формат на филм, како што е киноформатот, формат на „плати по преглед“ или, пак, телевизиски формат, како што е услуга за стриминг, кабелска претплата, итн.) и сè уште ќе имаат право на награди за филм од неанглиско говорно подрачје“.

Покрај тоа, филмовите што се разгледуваат не треба да бидат прикажани за членовите на ХФПА во киносала или сала за скрининг. Наместо тоа, дистрибутерите на филмови од неанглиско говорно подрачје, мора да контактираат со ХФПА за да организираат датум за скрининг на официјалниот календар да им дадат скрининг-врска или ДВД-копија од филмот за да им овозможат на членовите да го гледаат дома.

Промената на скринингот ќе стапи во сила од 15 мај до новиот датум утврден од страна на ХФПА, најверојатно кога најголемиот број киносали во областа на Лос Анџелес повторно ќе бидат отворени. Тина Феј и Ејми Полер ќе бидат домаќини на 93-то издание на „Златен глобус“. Сѐ уште не е објавен датумот на церемонијата на доделување на наградите.