Неколку илјади посетители во изминатите три дена уживаа во интерактивните светлосни поставки, пеформанси и инсталации на 23 странски и домашни светлосни уметници на првиот фестивал на светлината „Skopje Light Art District“, кој заврши синоќа во Скопје.

Од Универзалната сала која беше организатор на Фестивалот информираа дека отворањето на фестивалот било проследено со тридимензионалното мапирање на Милчо Узунов и Златко Славенски, проектирано на фасадата на зградата Ибни Пајко, а заинтересираните, следејќи ја „патеката“, можеа да ги погледнат изложените дела.

Светлечките ГМО зелки, автомобилите кои го имитираат ефектот на стаклена градина, добрите духови, рибегалците, силуетите и останатите поставки, со својата креативност и шареноликост, успеаја да им го задржат вниманието на скопјани, но и да додадат малку повеќе светлина и боја во нашето секојдневие, посочија од Универзалната сала.