По покана од владиниот совет за културни релации на Индија, Женскиот младински хор при МКЦ реализира видеоснимка на композиција од македонски автор, со која учествуваше во прелиминарната рунда од светскиот хорски натпревар.
– На наше огромно задоволство, добивме информација од организаторот дека од пристигнатите над 170 видеа на хорови од целиот свет, интернационалното жири одлучило и изведбата на Женскиот младински хор при МКЦ да се претстави на големиот онлајн концерт на кој ќе учествуваат и хорови од уште 22 други земји – велат од МКЦ.
Концертот беше емитуван на веб-страницата на Интернационалниот фестивал за хорови.