Поставката во Скопје ќе го затвори изложбениот циклус со презентација на 39 современи уметнички дела од 25 уметници, концептуализирани во три
дела. Застапените уметници креираат „женска форма“, која го прекинува повторувањето и одржувањето на постојната родова хиерархија

Изложба на некои од најзначајните жени уметници од Македонија и од Велика Британија ќе биде отворена во Музејот на современата уметност, од 12 јуни до 12 август. Посетителите ќе имаат можност да го видат светот низ перцепциите на уметниците, вклучувајќи сличности и разлики во изборот на делата на некои од најпознатите британски и македонски уметници што зборуваат за женските прашања денес.

Изложбата „Родови перцепции“ во Скопје е резултат на соработката помеѓу Британскиот совет и Музејот на современата уметност – Скопје, како дел од регионалниот уметнички проект „Перцепции“. Тој е веќе вреднуван од страна на музејскaта експертска јавност и следниов септември ќе биде претставен во Кјото, Јапонија, на една од најпрестижните музејски конференции во светот, пред Меѓународниот совет на музеите. Проектот претставува соработка помеѓу пет куратори од Западен Балкан, кои организираа пет изложби во чии рамки презентира 24 дела од 14 британски уметници од колекцијата на Британскиот совет. Кураторите ги избраа овие дела во меѓусебна соработка започнувајќи дијалог со локалните уметнички контексти. На тој начин „Перцепции“ прерасна во женски уметнички простор во кој се испреплетуваат различни културни, политички и теоретски контексти во рамките на геополитиката на Западен Балкан – почнувајќи од Цетиње, преку Нови Сад, Приштина и Бања Лука, за конечно проектот да се претстави и во Скопје.

Поставката во Скопје ќе го затвори изложбениот циклус со презентација на 39 современи уметнички дела од 25 уметници, концептуализирани во три дела: Погледи, Репрезентации и Репрезентации. Застапените уметници креираат „женска форма“, која го прекинува повторувањето и одржувањето на постојната родова хиерархија преку нови методи на размислување и визуализации за (родовата) репрезентација. Куратори на изложбата се Кумјана Новакова и Благоја Варошанец, соработник на проектот е Тихомир Топузовски, концептот на едукативната програма е на Бојана Јанева Шемова, визуелниот идентитет и графичкиот дизајн се на Елена Диновска Зарапчиев и на Илиана Петрушевска, а дизајнот на изложбата е на Јован Ивановски. Уметниците чии дела ќе се претстават во Скопје се: Абигејл Лејн, Моника Мотеска, Камила Лоу, Евгенија Демниевска, Анета Светиева, Мадам Јевонд, Мирна Арсовска, Силија Хемптон, Лаура Олдриџ, Хелен Чедвик, Елизабет Прајс, Сара Лукас, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Антеа Хамилтон, Трејси Емин, Клер Стренд, Џилијан Веринг, Верица Ковачевска, Љупка Делева, Рејчел Вајтрид, Христина Иваноска, Ана Темкова, Виолета Чаповска, и Лубаина Химид.