Елена Мартиник („Вајдволс“)

Кога се зборува за Енди Ворхол, вообичаено Божиќ не е она што ни паѓа прво на ум. А сепак Ворхол, еден од најбогатите уметници на 20 век, сопственик на контроверзниот клуб „Фактори“, уметник што живееше живот исполнет со скандали, бил голем љубител на Божиќ. Кој би помислил?

Неговата љубов за празничната сезона можеби е помалку позната, но секако е еднакво жестока како неговата љубов за супата „кемпбел“.

Од традиционалното раскошно празнување со Дедо Мраз, венци и ангели, па до класичните прикази на Ворхол, како што се играчките и кукличките „Кебич печ“, уметникот ја разработува оваа тема на различни начини.

Сега е совршено време да се прошири малку од Ворхоловиот божиќен дух.

Како уметник што одигра важна улога во развојот на поп-уметноста, Енди Ворхол воведе популарни стилови и субјекти во ексклузивните салони на висока уметност.

Опседнат со јавни личности, консумеризам и механичка репродукција, уметникот создаде едни од најдобрите слики на 20 век.

Во текот на својата карие- ра, тој ги прошири импликациите на поп-уметноста и во други сфери, рушејќи ги границите помеѓу световите на високата уметност и поп-културата.

Роден како Ендрју Ворхол, Ворхол се издигна од сиромаштијата на источноевропското имигрантско семејство во Питсбург и стана харизматична икона во високите кругови на Њујорк. Тој ја издигна својата личност до ниво на популарна икона, претставувајќи еден нов вид слава за високите уметници.

Но нешто што не се знае доволно е фактот дека Ворхол бил длабоко религиозна личност. Како дете од имигрантска словачка фамилија, религијата претставувала важен дел од неговото воспитување. Неговиот внук Доналд Ворхол открил: „Тој беше византиски католик и всушност одеше во Римска црква подоцна во неговиот живот“.

И навистина, Ворхол ја откривал својата вера низ голем број уметнички дела, вклучувајќи го и принтот „Тајната вечера“ од 1986 година или серијалот „Рај и пекол“.

Но, како што открива Џесика Бек, асистент-кураторка во музејот „Енди Ворхол“ во Питсбург, овие религиозни дела се помалку барани во од- нос на поп-сликите од супата „кемпбел“ или „кока кола“ или портретите на јавните личности.

Исто така, дури по неговата смрт јавноста дозна за неговите ангажмани за добротворни цели за бездомните лица во црквата „Рајски починок“ во Њујорк, каде што служел храна и чистел по оброците.

Пред да започне да создава уметност за галериите, Ворхол бил најуспешен и високоплатен комерцијален илустратор во Њујорк. По соработката со магазинот „Гламур“, веднаш бил ангажиран од едни од најголемите модни магазини, како: „Вог“, „Њујорк тајмс“ и „Харперс базар“, по што станува најбараниот илустратор во градот.

Откако пристигнал во Менхетн за да го оствари својот уметнички сон, Ворхол почнал да работи за храмот на Петтата авенија, „Тифани“, во 1956 година, дизајнирајќи сѐ од реклами за чевли до божиќни честитки. „Тифани“ почнале да ги објавуваат неговите честитки секој Божиќ, до 1962 година, кога Ворхол го креира своето познато дело „Кемпбел супа“.

Со скечови што ја замачкуваат тенката линија помеѓу комерцијален дизајн и висока уметност, Ворхол прераснал во Кралот на Божиќ. Цртајќи божиќни дрва од овошје, елени, ангелчиња, чорапчиња, подароци, бонбони и камини, тој создал совршена визија за Божиќ, онака како што секогаш го замислувал додека бил дете.

Во 1978-та, Енди Ворхол и Труман Капоти беа дел од божиќното издание на „Хај тајмс“, облечени во празнична облека. Ворхол како Дедо Мраз, а Капоти како мало девојче. Ворхол во својот дневник се потсетува: „Труман не беше расположен да влезе во друго, тој велеше дека е веќе облечен како мало момче.“

Кога Ворхол првпат пристигнал во Њујорк, тој имал необична опсесија со Капоти, речиси го следел наоколу. Капоти го одбивал како еден од оние безнадежни луѓе на кои знаеш дека ништо нема да им се случи, сѐ до еден Божиќ кога добил златен чевел насликан од Ворхол, посветен токму нему. Потоа тие двајца станале блиски пријатели, а на Божиќ во 1980 година, тие на- правиле полароид заедно облечени во празнична облека.

Во раните 1980-ти, Ворхол креирал серија слики со божиќно цвеќе и принтови како подароци за неговите пријатели. Со јака палета и електрична розова рамка, Ворхол го направил ова цвеќе бесмртно, а наедно и комерцијално. Во „Митови“ од 1981-та, порфолио од 10 принта, Ворхол прикажал митски фигури, како Супермен, Дракула и Чичко Сем, а меѓу нив и Дедо Мраз. Оваа серија е рефлексија на неговото чувство за моќ- ните мотиви од неговото вре- ме што ја претставуваат модерната имагинација.

Зошто Ворхол толку многу го сакаше Божиќ? Доколку ја погледнеме одблизу неговата уметност, ќе забележиме дека тоа не е невообичаено за неговиот карактер. Ворхол отсекогаш бил фасциниран од популарноста и консумеризмот и сакал сѐ што е поп. На изглед материјален и спиритуален, кич, универзален и демократски, Божиќ е најпоп нешто на сите времиња.

Заедништвото и пријателството отсекогаш биле многу важни за Ворхол. Како интегрална компонента на њујоршката креативна заедница, тој е опишан како некој што секогаш целел да ги држи сите заедно. Тој исто така бил многу дарежлив кога станувало збор за божиќни подароци. Препознавајќи го како вистински колективен мит, тој верувал во американски Божиќ.

Гледајќи ги делата на Норман Роквел како дете, сликарот што го оформил начинот на кој Америка се гледала себеси во тоа време, Ворхол сакал да го искуси совршениот американски Божиќ, кој го дизајнирал. За него, американскиот Божиќ бил антрополошка фантазија во која секој силно се обидувал да учествува. И тој исто така.