„Еклектични изохипси“ e насловот на изложбата на уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева, која е поставена во Уметничката галерија во Тетово. Поради пандемијата, изложените дела може да се видат онлајн, на фејсбук-страницата на галеријата, но и во самата галерија, во согласност со протоколите за заштита од коронавирусот.
Катерина Деспот (1977), која е родена во Прилеп, ги завршила студиите по индустриски дизајн на Националната ликовна академија во Софија, а Васка Сандева (1982), родена во Кочани, ги завршила студиите по пејзажна архитектура, но и докторатот на Шумарско-техничкиот универзитет, исто така во Софија.