„Езерска“ од Лазаров објавена во Белград

Белградскиот издавач „Архипелаг“ ја објави најновата книга на македонскиот поет Ристо Лазаров во превод на српски јазик. Поговор на белградското издание, кое доаѓа само еден месец по објавувањето на „Езерска“ на македонски, напиша академик Катица Ќулавкова, која истакнува дека ако се следи развојот на поетското творештво на Лазаров, ќе се види дека тоа речиси целото е проткаено со една тенденција да ги поврзува песните во поголема целина не само во циклуси туку и во книги“. Тоа е експлицитно покажано во неговата најнова збирка поезија „Езерска“, тематски конектирана со охридскиот географски, културен и историски простор.