Европскиот ден на јазиците, празник прогласен од Советот на Европа и поддржан од Европската Унија на 6 декември 2001 година, оваа година во Софија се одбележува со манифестацијa во Националниот музеј „Земјата и луѓето“. КИЦ на Македонија во Софија трета година едноподруго учествува на оваа значајна манифестација, која има цел да го одбележи Европскиот ден на јазиците со разнородна програма за посетителите. Тие имаат можност да учествуваат во интерактивни игри со сложувалки и цртежи, крстозбори, блиц-квизови, демонстративни бесплатни часови.

На штандовите определени за 17 јазици, посетителите имаат можност да научат интересни факти за европските јазици и идни културни настани, а исто така да поразговараат со претставници на различните културни центри на различни теми – музика, природа, култура, културно наследство. Штандот на КИЦ на Македонија во Софија го претставува режисерот и актер Ѓорги Ѓоргиев-Антика со своја програма.
Настанот е иницијатива на мрежата на културните центри на земјите од Европската Унија и Европската комисија.