Денеска, во 11 часот, во Музејот на Македонија, ќе се организира завршниот настан во рамките на годинешното одбележување на Европските денови на културното наследство. Во таа пригода ќе се одржи презентација за организирање на манифестацијата во Словенија. Во 13 часот ќе биде отворена изложбата под наслов „Европските денови на културното наследство во Словенија низ плакати“. Изложбата ќе ја отвори Елеонора Петрова, директорка на Управата за заштита на културното наследство

Покрај тоа, во 14 часот ќе биде одржана презентација со наслов „Интерпретирање на наследството“ и ќе им бидат врачени благодарници на институции и поединци за учеството во манифестацијата.

Настанот се организира за да се прошират сознанијата за различните начини на реализација на овој проект во различни европски земји, но и во знак на благодарност на локалните организатори за учеството во манифестацијата.