Друштвото на филмските работници на Македонија, кое е основано на 21 мај 1950 година, навршува 70 години постоење. Големиот јубилеј ќе биде свечено одбележан во септември оваа година.

За прв претседател беше избран Јован Бошковски, а Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот, беше избран за прв почесен член на друштвото. Во него членувале и членуваат водечките авторски имиња што стојат зад македонските филмски остварувања. Друштвото е иницијатор, основач и организатор на „Браќа Манаки“, првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на светските кинематографери.

ДФРМ членува во Европската федерација на режисери, Меѓународната асоцијација на кинематографери и во Европскиот продуцентски клуб. Друштвото го врши изборот на национален кандидат за наградата „оскар“. Во него моментално членуваат над 100 филмски професионалци.