Домот на руското зарубежје „А. Солженицин” од Москва ќе донира книги во Рускиот центар при УКИМ, утре во 12 часот, известува руската амбасада во Македонија.

Предавање ќе одржи и познатиот руски писател Алексеј Варламов.

На присутните ќе им се обрати и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин.