Доделување на наградата „Роман на годината“

Наградата „Роман на годината“ за 2018 година чиј лауреат е романот „Некој бил тука“ на Николина Андова Шопова вечерва на авторката ќе и биде доделена на свеченост во Културно-информативниот центар во Скопје која ќе започне во 19 часот.

Издавач на романот е „Темплум“, а наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“. Во конкуренција беа 36 дела, а во финалето влегоа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски и „Маџун“ од Влада Урошевиќ.

К.Б.