Во рамки на на годинашниот 31-ви Меѓународен саем на книгата во Скопјe, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите за најдобрите изданија издадени меѓу двата саеми на книгата, поделени во пет категории.

За наградите одлучуваше стручна комисија во состав проф. д-р Александар Прокопиев, претседател, проф. д-р Иван Џепароски, член, и проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, член.

Добитници на наградитe се следниве книги и автори:

Прва категорија: Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми.

Прва награда „АЛШАР (Светско природно наследство)“ – Глигор Јовановски, Блажо Боев, Трајче Стафилов, Петре Макрески, Владо Матевски, Иван Боев во издание на МАНУ – Скопје.

Втора награда „Безразборна лабораторија“ од Влада Урошевиќ, во издание на ИК Магор од Скопје.

Втора категорија: Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми. Награда „Поп-глам“ од Златко Глигоров, во издание на Пагома прес од Скопје.

Трета категорија: Најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми.

Прва награда „Светот на Биби од А до Ш“, текст од Билјана С. Црвенковска, илустрации Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, во издание на Бибиленд.

Втора награда „Илустрирани приказни од Шекспир“, уредник Ана Иванова, илустрации Ана Григорјев, во издание на Просветно дело од Скопје.

Трета награда „Среќен роденден“ од Ели Маказлиева, илустрации Игор Јовчевски, во издание на Едука мак од Скопје

Четврта категорија: Награда „Јаков од Камена Река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми.

Прва награда „Културен атлас на исламот“ од Исмаил Р. ел Фаруки и Лоис Ламија ел Фаруки, во издание на Логос-А од Скопје.

Втора награда „Белешки 88-014“ од Тихомир Стојков, во издание на Авант прес од Скопје.

Петта категорија: Најдобар книжар меѓу двата саеми.

Магдалена Стојмановиќ од издавачката куќа „Икона“ од Скопје.