Во издание на македонскиот центар на „ИТИ/ПРОДУКЦИЈА“ излезе нова е-книга – драмски текстови на драмската авторка и драматург Миа Николоска.
– По тој повод организираме дигитална видеопромоција на е-книгата од 18 мај до 20 мај, 2020 година (со целодневно споделување на социјалните мрежи).
Миа Николоска има 19 години, таа е студент на одделот за драматургија, драмско пишување и сценаристика на ФДУ Скопје. Миа развива своевидна драматургија на мирис и одор – драматика на миризливото и смрдливото. Таа поседува извонреден талент и луцидност за создавање контекстуални нови термини, кованици и неологизми – додадена вредност кај драмските автори – вели уредичката и промотер Иванка Апостолова Баскар.


Македонскиот центар на „ИТИ/ПРОДУКЦИЈА“ го поддржува и истакнува развојот и уметноста на современата домашна женска драматургија и драматика; со меѓународна дигитална промоција и дистрибуција, ги поддржува авторките и авторите на современата домашна младинска и возрасна драмска уметност.