Адаптацијата на Дикенсовата приказна во која ќе се појави Дев Пател заедно со Тилда Свинсон, Хју Лори и Питер Капалди ќе ја има својата европска фестивалска премиера во октомври

„Личната историја на Дејвид Коперфилд“, адаптација на Арманди Јанучи на Дикенсовата класика, ќе го отвори годинешниот „Лондон филм фестивал“, каде што филмот воедно ќе ја има и својата европска премиера. Првата негова светска премиера е планирана за во Торонто на почетокот на септември.
Филмот е најавен како „освежувачка верзија“ на Дикенсовата епска автобиографска приказна за патот на еден млад човек кон зрелоста, жонглирајќи со своите амбиции да биде писател свесен за сиромаштијата во викторијанскиот Лондон и задачата да се грижи за својата ексцентрична тетка.
Објавена во сериска форма помеѓу 1849-1850 година, книгата чиј полн наслов е „Личната историја, авантури, искуство и набљудување на Дејвид Коперфилд, помладиот“ од Бландерстоун Рукери (кој никогаш не мислел да ја објави никаде), Дикенс ја опишал како свој личен фаворит.

Пател, кој стана популарен по својата улога во телевизиската серија „Скинс“ и по главната улога во „Милионер од гетото“ на Дени Бојл, и овој пат ќе биде во главната улога покрај Тилда Свинсон, која ќе ја игра неговата тетка, Бетси Тротвуд, и Бен Вишо како Јурјаа Хип – еден од Дикенсовите најнезаборавни ликови.
Питер Капалди го игра г-дин Микавбер, Хју Лори г-дин Дик и Гвендолин Кристи го толкува ликот на Џејн Мурдстоун. Како и самата режија на филмот, Јанучи го напиша сценариото заедно со соработникот Сајмон Блеквел.

Јанучи вели: „Претставува огромна возбуда и чест да биде побарано од вас да го отворите фантастичниот „БФИ- Лондон филм фестивал“. „Личната историја на Дејвид Коперфилд“ е филм за сочувство, хумор, великодушност и пријателство, и не можев да побарам подобредојден амбиент во кој ќе го претставам“.
Триша Тутл, директорката на Фестивалот, додаде дека филмот „го претставува заштитниот знак на Јанучи, како и веселото чувство за стил – тоа е радост од почеток до крај, заедно со Дев Пател и преостанатите ѕвезди кои претставуваат неверојатен шарм и комичност. Јас сум толку возбудена што го отворам 63-от Британски филмски фестивал со овој филм, кој не само што е забавен туку и претставува славење на моќта на великодушноста и сочувството“.

Претходните достигнувања на големото платно на Јанучи ги вклучуваат и филмовите: „Во јамката“ и „Смртта на Сталин“. Неговата долгогодишна политичка комедија „Вип“, неодамна беше додадена на ХБO, додека, пак, неговата претстојна емисија, научно-фантастичната сатира „Авенија 5“ моментално е во продукција. Неодамна студиото во кое таа се снима и се наоѓа надвор од Лондон беше зафатено од пожар, оштетувајќи неколку од сетовите.
Досега се снимени 8 филма за Дејвид Коперфилд, како и три пати за телевизија, а неодамна и за Би-би-си во 1999 година, каде што глумеше Даниел Редклиф (пред „Хари Потер“). Ангажирањето на Пател – заедно со колегите-актери Бенедикт Вонг, Розалин Елеазар и Ники Амука-Брд, веќе добива аплауз за прогресивен чекор кон нерасистички кастинг.

„Армандо отсекогаш знаеше дека го сака Дев“, вели продуцентот Кевин Лоудер за „Гардијан“. „Кога ќе го разберете тоа, тогаш веќе зборувате за фактот дека ќе направите кастинг на актери кои се способни да ги отелотворат улогите најдобро што можат, без разлика на својата етничка припадност“.
Лани трилерот „Вдовица“ на Стив Мек Квин го отвори овој фестивал, додека, пак, добитник на главната награда „Мајкл Пауел“ беше драмата „Џој“ на Судабе Мортезаи. Годинешниот 63-от „Лондон филм фестивал“ ќе трае од 2 до 13 октомври 2019 година.