На меѓународниот фестивал на модерната карикатура во Саитама, Јапонија, каде се промовира „манга“ културата, со две дела учествува и македонскиот уметник Златко Крстевски, во селекцијата од 89 автори од 33 земји.

Темата на Фестивалот беше „Тетсудо“ или во превод, железничка станица.

Делата се публикувани во албумот „The Best Cartoons of Nippon“ на 100 страници во боја, двојазично, на англиски и на јапонски, проследени со биографски референци. Како што информира Крстевски, според директорот на фестивалот Фуми Секигу, секоја година се откупуваат дела за колекцијата на Музејот. Оваа година ќе биде откупено делото на Крстевски.

-Делото беше работено во живописното место Гарбатка Летниско, Полска и потоа беше испратено во Јапонија. Делото содржи надреални елементи, помеѓу сонот и јавето, транспортирани во старата добра локомотива – објаснува Крстевски.